| четврток, 6 декември 2018 |

За МОН е прифатлив предлогот на студентите да полагаат до една третина од испитите

Spiro-Ristovski-int120-2

Министерството за образование и наука смета дека е прифатлив предлогот на студентите да можат да полагаат до една третина од испитите и без положен државен испит. Ова го изјави заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски кога гостуваше вечерва во „Сител“.

Ристовски рече дека со ваквите предлози, студентите овозможуваат уште поголема флексибилност, но и конструктивност во целиот овој процес.

-За министерството за образование и наука првично можам да кажам дека предлогот изнесен од страна на неколку студентски парламенти е прифатлив. Истиот ќе биде предмет на разгледување во следните денови, така да очекувам и овој предлог да биде дел од пакетот предлози кои што ги добивме од сите заинтересирани страни – рече Ристовски.

Тој нагласи дека очекува во наредните денови доколку се појават и други конструктивни предлози, МОН да ги разгледа и по однос на истите да се произнесе соодветно на предлогот, односно на идејата колку таа се вклопува во целиот систем на предложените реформи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top