Жолта – Луѓето кои бираат жолта боја го контролираат својот сексуалниот нагон во посеталата и му ја препуштаат главната улога на партнерот. Најчесто тие самите не преземаат иницијатива, но никогаш не го одбиваат партнерот, затоа што им е важно нивното задоволство.
Сина – За овие личности сексот е уметност, а пристапот е елегантен. Истенченоста посебно се изразува кај мажите, кои во постелата се однесуваат како пијанисти. Внимателно го истражува телото на жената обидувајќи се да ги долови нејзините потреби. Жените исто така се нежни и великодушни, а во предиграта уживаат исто толку многу како и во самиот секс.
Сива – Оние кои се вљубени во оваа боја најчесрто се неодлучни и несигурни љубовници. Тешко се врзуваат. За нив сексот не е возбудување туку начин да ја задоволат потребата, поради што лошо се сложуваат со партнерите на кои друга боја им е омилена.
Портокалова – Оние на кои им е омилена оваа сончева боја сакаат да ги остваруваат своите сексуални фантазии. Со тивок шепот на перницата ја поттикнуваат фантазијата на партнерот. Нежноста и предиграта им се навистина важни за време на сексот. Тешко си го признаваат сами на себе незадоволството од партнерот и навистина им е лесно да одглумат оргазам.
Црвена – Со оглед на тоа дека оваа боја симболизира страст, оние кои ја сакаат оваа боја знаат да уживаат во сексот. Те имаат поагресивен пристап кон спротивниот пол, а ако изградат партнерски однос со личноста на која црвената боја исто така и е омилена, постелата ќе биде полна со експерименти на задоволство на двајцата.
Зелена – Оние кои ја сакаат зелената боја, се верни партери а во сексот се полни со нежност. „Зелените“ жени секој сексуален однос го доживуваат како да им е прв пат, а мажите се полни со разбирање, подготвени да ги исполнат желбите на партнерката.
Виолетова – Со личностите кои ја сакаат виолетовата боја треба да бидете внимателни кога станува збор за сексот. За нив водењето љубов претставува губење време. Мажите кон овој чин пристапуваат како кон работна обврска, а ѓените размислуваат многу повеќе за тѕоа да не ја растурат фризурата отколку за сексот.
Розева – Погледот врз жената во розево, претставува поглед врз жена која е склона кон кокетирање и заведување. Жените кои ја сакаат оваа боја понекогаш ветуваат многу повеќе од она што имаат намера да го пружат. Во сексуална смисла тие се незрели и сакаат да се поигруваат со мажите. Мажите што ја сакаат розевата боја се склони кон честа промена на партнерките, а често се впуштаат во афери и со жените што штотуку ги запознале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.