| четврток, 6 декември 2018 |

Алек и Хиларија Болдвин очекуваат второ дете

­ Глумецот Алек Болдвин и неговата сопруга Хиларија очекуваат второ дете. Двојката ја сподели оваа радосна вест со своите фанови на социјалните мрежи преку прекрасни семејни фотографии.

Алек на својот Инстаграм налог покрај фотографијата напишал „2015 година = мама, тато, Кармен и специјален гостин“. Неговата сопруга, пак, избрала малку поинаков начин за да и соопшти на јавноста дека е бремена.
­

– Сонцето зајде за 2014 година. Новата 2015­та ќе биде многу возбудлива и совоодушевување сакаме да објавиме дека очекуваме уште еден член на нашето семејство, напиша инструкторката по јога, која добила огромен број честитки под фотографијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top