Дорис Пак која беше европратеник од 1989 до 2014 година која за нејзиниот мандат се занимаваше за случувањата околу евроинтеграциите на Македонија и воопшто на Балканот смета дека за недозволувањето на Македонија да ги започне преговирите, ЕУ прави грешка.
– Тоа е крајна грешка. Тоа е и поради нашето правило кое му дава на Европскиот совет да одлучува едногласно за отворањето на преговорите. Грција е таа која се уште блокира. Не знам како да се изразам: Не би зборувала за Грција, туку за грчките политичари кои не гледаат што се случува од другата страна и не се согласуваат да земјата се развива кон Европската Унија. Грчкиот национализам кој ја прави блокадата го разгорува и македонскиот национализам. И ова доаѓа од една земја која е членка на Европската унија, членка на НАТО, од што таа земја стравува? Од ништо. Од една мала земја која се вика Македонија? Господи, ако речеме Македонија или Северна Македонија, на крајот не можеме да негираме дека луѓето кои живеат таму се Македонци, зборуваат Македонски јазик, имаат македонско вино, македонско грозје или македонско сирење, сето тоа негирање оди само во полза на национализмите – вели Дорис Пак.
Дорис Пак смета дека со Охридскиот договор се создаде нова основа за секојдневниот соживот во Македонија, правата кои им беа дадени на Албанското малцинство беше нов почеток за земјата.
– Но дојдоа соседите со нивното однесување кое не е европско и ќе им порачам бидејќи тие се православни, дека тоа не е христијански. Тоа нивно однесување ме нервира одамна и страдам со Македонците. Мислам дека се она што се случува сега е резултат на лошото однесување на соседите – додава Дорис Пак.
На нашето прашање дали Европската Унија и земјите членки можат да извршат притисок за решавање на спорот со името, таа вели:
– Кога се уште бев во Европарламентот дискутиравме за финансиската помош на Грција, јас бев единствената која во мојата дискусија побарав дека во замена треба да се побара таа да се однесува поевропски и да ни помогне да го решиме проблемот меѓу двете земји. Но добив љубезни ветувања од моите колеги и уште еднаш сакам да нагласам дека тој национализам не смее да постои во една европска земја и мислам дека православната црква за жал игра голема улога во тоа прашање – смета Пак.
Целиот разговор прочитајте го тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.