Жената која беше премрзната во струшко се наоѓа во стабилна здравствена состојба. Лекарите информираат дека жената, која била од Вевчани, а живеела во Заграчани, имала смрзнатини од втор степен, и биле дадени храна и облека и била префрлена во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“, Охрид.
-Ве информираме дека лицето Д.Ж, кое вчера 03.01.2015 год, од с. Заграчани – Струшко беше евакуирано од страна на на медицинскиот центар од Струга, е во стабилна состојба, соопштија од Центар за управување со кризи.
Дел од проопозициските медиуми објавија дека жената премрзнала затоа што немала струја.
Жената живеела во село Шум струшко. До неа едвај стигнале мобилните тимови на Здравствен дом Струга – објави Тв 24 Вести, медиум контролиран од СДСМ.
Но, се чини се работи за лага и манипулација. Жената живеела во Заграчани. Во ова село уште на 30 декември бил решен проблемот со напојување. Заграчани имало струја, а и патот до селото бил прооден. Телевизијата контролирана од СДСМ свесно лаже и манипулира, злоупотребувајќи несреќа која и се случила на една жена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст