Во Австралија и натаму беснеат шумските пожари. Најтешко е на југот на земјата, близу градот Аделаид, каде е прогласен и највисок степен на опасност.
Околу 40.000 жители на тоа подрачје повикани се да ги напуштат своите домови. Во пожарот изгореа 12 куќи, а уште околу 20 се во опасност. Две лице се сметаат за исчезнати, а 22 пожарникари се полесно повредени.
Властите истакнуваат дека тоа е најголем пожар од 1983 година, кога смртно страдаа повеќе од 70 лица во Јужна Австралија и Викторија, а во февруари 2009 година загинаа 173 лица во Викторија и уништени беа повеќе од 2000 куќи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.