Во афродизијак спаѓаат храната и зачините што не доведуваат до расположение за водење љубов. Името го добиле по божицата на љубовта Афродита. Листата на храна и зачини што ги наведуваме ја имаат оваа „моќ“ и за повеќето е позната одамна, но научниците во поново време открија дека монгу од нив навистина содржат компоненти што ја потврдуваат репутацијата.
Мед
Медот е познат и како нектар на Афродита. Некои истражувања покажаа дека медот го зајакнува производството на тестостерон бидејќи е богат со Б витамини.
Одамна е позната љубовната напивка што се прави од мед, ѓумбир и лимон. Излупете и испасирајте 100 грама ѓумбир и измешајте со литар вода. Оставете да отстои неколку часа. Исцедете сок од 5 лимони и додајте го во напивката. Потоа додајте мед, а количината приспособете ја на својот вкус. Оваа напивка ќе ги разбуди сите ваши сетила.
Авокадо
Авокадото се смета за афродизијак уште одамна, кога древните Маи и Ацтеки го јаделе за да ја зголемат сексуалната издржливост. Авокадото содржи витамини Д и Е, кои даваат енергија потребна да се издржи ноќта полна со страсти. Денес авокадото се нарекува „чоколадо“ меѓу овошјата и традиционално се препорачува кај проблеми со еректилна дисфункција.
Чоколадо
Чоколадото (колку потемно толку подобро) поттикнува стварање серотонин – хормон на добро расположение, поради што стануваме посреќни, а со тоа и попривлечни на спротивниот пол. Мозокот го лачи овој хормон кога сме заљубени, па поради тоа ќе се почувствувате романтично кога ќе јадете чоколадо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.