Македонската пејачка, Кристина Арнаудова сними уште еден видео-запис за песна од последниот албум „Земи ме“. Овојпат видео запис доби нумерата „Пресуди ми“. Како што објави самата Кристина на фејсбук, спотот е снимен на екстремно ниски температури. Видео-записот е направен во една од најладните вечери пред дочекот на Новата година – 30 декември. Суптилната, секси љубовна балада, како што Арнаудова ја опишува својата песна, доби спот снимен надвор, на отворено, под „светлата на новогодишните светилки“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.