| четврток, 6 декември 2018 |

Светот во 2014 година: Ис­чез­на ави­он, се ур­на це­на­та на на­фта­та, се по­ја­ви ИСИС, се ска­раа ве­ле­си­ли­те

Ис­чез­ну­ва­ње­то на ле­тот 307 на „Ма­ле­зи­ја ер­лајнс“

MH17 plane crash remembrance spot in Donetsk

Ис­чез­ну­ва­ње­то на ле­тот 307 на „Ма­ле­зи­ја ер­лајнс“ е ми­сте­ри­ја на ве­кот. Ка­ко мо­же ави­он ту­ку­та­ка да ис­чез­не? Во до­ба на ин­стант гло­бал­на ко­му­ни­ка­ци­ја? Де­вет ме­се­ци по ис­чез­ну­ва­ње­то на ави­о­нот, кој пре­ве­зу­вал 239 пат­ни­ци од Ку­а­ла Лум­пур до Пе­кинг, сè уште не­ма­ме ни­ка­ков од­го­вор. Мо­же­би се ра­бо­ти за тра­гич­на не­сре­ќа. Или, пак, кид­на­пи­ра­ње ави­он. Ни­кој не знае. Ави­о­нот за­гу­би  кон­такт со воз­ду­хоп­лов­ни­от кон­тро­лен цен­тар над Јуж­но Ки­не­скоМо­ре, кое е об­ви­е­но со те­ри­то­ри­јал­ни спо­ро­ви. И по­крај тоа, Ма­ле­зи­ја, Ки­на, Тај­ланд, Син­га­пур, Ин­до­не­зи­ја, Ви­ет­нам, Фи­ли­пи­ни, Ав­стра­ли­ја и САД при­до­не­соа кон по­тра­га­та – од­ли­чен при­мер за ме­ѓу­на­род­на со­ра­бо­тка. Но, тоа во­оп­што не зна­чи де­ка баш сè на си­те им би­ло по ќеф. Ки­на, на при­мер, ја об­ви­ни Ма­ле­зи­ја – ко­ја ја ра­ко­во­ди „Ма­ле­зи­ја ер­лајнс“ – за од­би­ва­ње да со­ра­бо­ту­ва. Не по­мог­на ни­ту пре­на­со­чу­ва­ње­то на по­тра­га­та од Јуж­но Ки­не­ско Мо­ре кон Ин­ди­ски Оке­ан, отка­ко истра­га­та  по­ка­жа де­ка ави­о­нот, мо­же­би, бил упра­ву­ван од авто­пи­ло­тот це­ли пет ча­са по гу­бе­ње­то кон­такт со воз­ду­хоп­лов­на­та кон­тро­ла. Ис­чез­ну­ва­ње­то на МХ-370 бе­ше алар­мант­на при­чи­на за по­до­бру­ва­ње на тех­но­ло­ги­ја­та за сле­де­ње на ло­ка­ци­ја­та на ави­о­ни­те. Мо­же­би ни­ко­гаш не­ма да доз­на­е­ме што се слу­чи­ло со МХ-370. А, мо­же­би, и со тек на вре­ме за­га­тка­та ќе до­бие од­го­вор.

 

Пад на це­ни­те на­фта­та

nafta1

Сè што ле­та ви­со­ко, ќе пад­не ни­ско. Во овој слу­чај – це­ни­те на на­фта­та. Во ју­ли еден ба­рел на­фта чи­не­ше 100 до­ла­ри, се­га око­лу 60 до­ла­ри. Не­кои од струч­ња­ци­те мис­лат де­ка це­ни­те на­ско­ро ќе пад­нат и до 50 до­ла­ри за еден ба­рел и де­ка по­дол­го вре­ме ќе оста­нат тол­ку. При­чи­на за па­дот на це­ни­те де­лум­но е зго­ле­ме­на­та по­ну­да – за­че­то­кот на ва­де­ње­то на­фта со хи­дра­у­лич­но фра­кту­ри­ра­ње го вив­на про­из­водс­тво­то на на­фта во САД до не­бо, ли­би­ска­та на­фта се вра­ти на сце­на, а ОПЕК не са­ка да слуш­не за на­ма­лу­ва­ње на про­из­водс­тво­то. Вто­ри­от дел од ра­вен­ка­та е па­дот на по­ба­ру­вач­ка­та за­ра­ди на­ма­лу­ва­ње­то на по­ра­стот во мно­гу свет­ски зем­ји. По­тро­шу­ва­чи­те на на­фта и зем­ји­те-увоз­нич­ки им се изра­ду­ваа на ни­ски­те це­ни. За­ште­де­ни­те па­ри ќе си ги ин­ве­сти­ра­ат во не­што дру­го. Ама за про­из­во­ди­те­ли­те ни­ски­те це­ни се ло­ша вест. За­ра­бо­тка­та им се на­ма­ли, а ако це­ни­те про­дол­жат да па­ѓа­ат, ќе би­дат и во за­гу­ба. Зем­ји­те-про­из­во­ди­те­ли ка­ко Нор­ве­шка и Са­у­ди­ска Ара­би­ја, кои си има­ат на­тру­па­но па­ри за цр­ни де­но­ви, не би тре­ба­ло да има­ат проб­лем да пре­бро­дат по­долг пер­и­од на ни­ски це­ни. Но, зем­ји ка­ко Иран, Ни­ге­ри­ја и Ве­не­цу­е­ла, кои не­ма­ат трг­на­то на­стра­на средс­тва за цр­ни де­но­ви и чи­е­што фи­нан­си­ра­ње вла­ди­ни про­гра­ми мно­гу за­ви­си од при­хо­ди­те од на­фта, би мо­же­ле да се за­ко­па­ат до гу­ша со проб­ле­ми.

 

ИСИС прог­ла­си ис­лам­ски ка­ли­фат

kalifat

Ко­га во 2011 го­ди­на пос­лед­ни­те во­е­ни тру­пи на САД се пов­ле­коа од Ирак, Аме­ри­кан­ци­те мис­леа де­ка при­каз­на­та со Ирак е за­вр­ше­на. Ме­ѓу­тоа, тоа се про­ме­ни по по­ја­ва­та на Ис­лам­ска­та др­жа­ва на Ирак и на Си­ри­ја (ИСИС). ИСИС е по­ра­не­шен раз­гра­нок на АлКа­е­да во Ирак, поз­нат по бру­тал­ност во на­па­ди­те кон не­при­ја­тел­ски­те це­ли, што и са­ма­та АлКа­е­да се отка­жа од неа. Но, и по­крај таа бру­тал­ност – или, пак, ток­му по­ра­ди неа – ИСИС зав­ла­деа со зна­чи­те­лен дел од те­ри­то­ри­ја­та на Ирак и на Си­ри­ја во 2014 го­ди­на. На 29 ју­ни 2014 го­ди­на ИСИС прог­ла­си ис­лам­ски ка­ли­фат. Тоа бе­ше до­вол­на при­чи­на за Ба­рак Оба­ма да на­ре­ди воз­душ­ни на­па­ди врз це­ли на ИСИС во Ирак, па во Си­ри­ја. Оба­ма, исто та­ка, рас­по­ре­ди и око­лу 3.000 аме­ри­кан­ски вој­ни­ци во Ирак да ги со­ве­ту­ва­ат ирач­ка­та ар­ми­ја и бор­ци­те на Пеш­мер­га ка­ко да си ги по­вра­тат те­ри­то­ри­и­те што ги освои ИСИС. На по­че­то­кот на де­кем­ври и Иран отво­ри воз­душ­ни на­па­ди врз ИСИС, со што ста­на со­јуз­ник на САД, кол­ку и да е чуд­но. Воз­душ­ни­те на­па­ди го за­ба­ви­ја на­пре­ду­ва­ње­то на ИСИС, но гру­па­та сè уште кон­тро­ли­ра огром­на те­ри­то­ри­ја, вклу­чу­вај­ќи го и вто­ри­от ирач­ки град по го­ле­ми­на – Мо­сул. ИСИС, исто та­ка, про­дол­жу­ва да ба­ра со­јуз­ни­ци ме­ѓу дру­ги џи­ха­ди­стич­ки гру­пи и стран­ски џи­ха­ди­сти, а има ду­ри и Аме­ри­кан­ци што пре­бе­гу­ва­ат во Си­ри­ја и ѝ се при­дру­жу­ва­ат на ИСИС.

 

Ру­си­ја го от­це­пи Крим и за­ка­ни­те кон дру­ги­от дел од Ру­си­ја

krim

Во сре­ди­на­та на март Ру­си­ја го от­це­пи Крим од Украина и поч­на нов вид сту­де­на вој­на. Кри­за­та бе­ше пре­диз­ви­ка­на од па­дот на укра­ин­ска­та вла­да под водс­тво на про­ру­ски­от пре­тсе­да­тел Ви­ктор Ја­ну­ко­вич. Тој во фе­вру­а­ри си под­не­се оста­вка и из­бе­га од зем­ја­та во екот на про­те­сти­те, кои поч­наа три ме­се­ци прет­ход­но, отка­ко са­ми­от тој од­би да го пот­пи­ше дол­го­о­че­ку­ва­ни­от до­го­вор за тр­го­ви­ја со ЕУ. Укра­и­на, ко­ја по­сто­ја­но низ исто­ри­ја­та е рас­трг­на­та ме­ѓу Исто­кот и За­па­дот, за кра­тко вре­ме пак се нај­де на ми­лост и на не­ми­лост на го­ле­ми­от ру­ски со­сед. На 27 фе­вру­а­ри, про­ру­ски­те ми­ли­тан­ти, нај­ве­ро­јат­но, под ди­ри­гент­ска­та пал­ка на ру­ски­от пре­тсе­да­тел Вла­ди­мир Пу­тин, го осво­и­ја глав­ни­от град на Крим. На ре­фе­рен­ду­мот, 95 про­цен­ти од жи­те­ли­те на Крим гла­саа за прик­лу­чу­ва­ње кон Ру­си­ја, ко­ја го упра­ву­ва­ше по­лу­о­стро­вот до 1954 го­ди­на. Во ме­ѓу­вре­ме, Укра­и­на го из­бра про-­за­пад­но­ на­со­че­ни­от „чо­ко­ла­ден крал“ Пе­тро По­ро­шен­ко за нов пре­тсе­да­тел. За­па­дот вед­наш ја приз­на не­го­ва­та по­бе­да на из­бо­ри­те. Кри­ти­ка­та на За­па­дот упа­те­на кон Мос­ква ли­че­ше на онаа на­род­на­та – лае, ама не ка­са. Сè до па­дот на ма­ле­зи­ски­от пат­нич­ки ави­он врз те­ри­то­ри­ја под кон­тро­ла на бун­тов­ни­ци­те. САД и ЕУ од­го­во­ри­ја со на­мет­ну­ва­ње санк­ции врз Ру­си­ја, ама тој по­тег ре­чи­си не го про­ме­ни од­не­су­ва­ње­то на Ру­си­ја. Конф­ли­ктот про­дол­жи да тлее, и по­крај сеп­тем­ври­ски­от до­го­вор за пре­кин на ог­нот. Че­ти­ри ил­ја­ди лу­ѓе за­ги­наа до­се­га во источ­на Укра­и­на. Ду­ри и да за­вр­ши кри­за­та на­ско­ро, пос­ле­ди­ци­те ќе ги чув­ству­ва­ме со го­ди­ни – зго­ле­ме­на тен­зи­ја ме­ѓу Ру­си­ја и За­па­дот, ко­ја би мо­же­ла да до­ве­де до пре­кро­ју­ва­ње на ге­о­по­ли­тич­ки­те кар­ти.

 

Од­но­си­те ме­ѓу САД и Ку­ба

kuba sad

По 50 го­ди­ни сту­де­на вој­на, САД и Ку­ба кон сре­ди­на­та на де­кем­ври на­пра­ви­ја че­кор кон по­до­бру­ва­ње на дип­ло­мат­ски­те од­но­си – исто­ри­ски пре­сврт, кој би мо­жел да го ожи­вее про­то­кот на па­ри и на лу­ѓе низ тес­но­то вод­но про­странс­тво што ги де­ли два­та на­ро­да. Пре­тсе­да­те­лот на САД, Ба­рак Оба­ма, има­ше дра­ма­тич­на дип­ло­мат­ска из­ја­ва во Ва­шин­гтон, а сле­ду­ва­ше иста та­ква и во Ку­ба од пре­тсе­да­те­лот Ра­ул Ка­стро. Две­те из­ја­ви беа при­дру­же­ни со ти­вка раз­ме­на на за­ро­бе­ни шпи­о­ни и со све­че­но ос­ло­бо­ду­ва­ње на Ален Грос, пла­те­ник на аме­ри­кан­ска­та вла­да, кој пет го­ди­ни бе­ше за­ро­бен во Ку­ба. Пре­свр­тот во од­но­си­те ме­ѓу САД и Ку­ба бе­ше кул­ми­на­ци­ја­та на 18-ме­сеч­ни­те тај­ни пре­го­во­ри ме­ѓу дол­го­го­диш­ни­те не­при­ја­те­ли. Дел од сред­би­те беа во Ка­на­да, а па­па­та Фран­циск има­ше свој при­до­нес. Го­ле­ма зас­лу­га има и не­ве­ро­јат­на­та од­лу­ка на Оба­ма, без сог­лас­ност на Кон­гре­сот, во за­ле­зот на не­го­во­то пре­тсе­да­телс­тву­ва­ње.

Пишува: Ма­ри­ја Ма­на­си­е­ва

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top