| четврток, 6 декември 2018 |

Премрзната жена од струшко Шум итно префрлена во болница

Жена на возраст од 60 тина година денес околу пладне е згрижена во Специјалната болница за отропедија и трауматологија Свети Еразмо, дознава “Охриднет”.

Жената живеела во село Заграчани, струшко. До неа стигнале  мобилните тимови на Здравствен дом Струга. Сожителите се загрижиле за неа бидејќи живеела подалеку од патот па денес  повикале помош.

Екипите на Здравствен дом ја пронашле дома премрзната во нозете. Таа во моментов е згрижена во болница каде се следи нејзината критична  здравствена сотојба. Тешка но стабилна општа состојба. Измрзнатини од втор степен на нозете  и прв степен измрзнатини по раце и хипертензија. Отечени и се прстите  на нозете, без венски пулс на долните екстремитети.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top