Американските научници тврдат дека кај адолесцентите постои тесна врска помеѓу учењето и консумирањето на брза храна. Научниците Кели М. Партел од универзитетот Колумбус во Охајо и Елизабет Гершоф од Универзитетот Остин во Тексас утврдиле дека децата кои премногу консумираат брза храна помалку напредуваат во училиштето и дека имаат пониски оценки од останатите.
Објавена во почетокот на декември во магазинот „Клиникал педијатрикс“, студијата покажува дека децата кои околу десетатта година најмногу консумирале нездрава храна, послабо напредуваат во читањето, математиката и научните предемти.
Истражувањето опфатило 11.740 деца кои се следени од шестата до 14-тата година.
Партел и Гершоф утврдиле дека децата кои јадат брза храна три и повеќе пати неделно имаат далеку полоши резултати во училиште за разлика од своите врсници.
Исхраната богата се шеќери и масти може да влијае во процесот на учењето и непосредното памтење, напоменуваат научницитњ и ги советуваат родителите на децата да им ја ограничуваат брзата храна.
– Ние не им велиме на родителите да не им даваат брза храна на децата, но резултатите јасно сугерираат дека нејзиното консумирање мора да биде што е можно повеќе ограничено – заклучиле Партел и Герштоф.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


