| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски бенд меѓу десетте најдобри во светот

Македонскиот бенд „Визија“ се најде на седмото место од најдобрите 10 во целиот свет, на листата од британскиот музички сајт Emerging Indie Bands.

Сајтот креираше листа на 90 најдобри бендови од сите делови на светот за 2014 година.

Според критиката на истиот сајт „Визија“ беше прогласена за група на месец февруари 2014 година

Нивната песна „Гласот на мојата душа“ за американското радио WMBR, во емисијата Pipeline, беше една од најдобрите за 2013 година.

Бендот Визија е формиран во 2011 година во Скопје. Членови на бендот се Марко Џамбазоски, Марко Гапо, Лилјана Јанкова и Синиша Ѓорѓевиќ.

Во своето тригодишно постоење имаат постигнато неколку поголеми успеси во и надвор од Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top