| четврток, 6 декември 2018 |

Екстремно ниските температури создадоа сталактити на Преспанско езеро

Екстремно ниските темепратури кои ја зафатија територијата на Албанија и предизвикуваат низа проблеми, на брегот на Преспанско Езеро кај Подградец, содададоа прекрасни сталактити. Брановите се претворени во мраз, што претставува величенствена глетка. Ваква појава последно е забележана пред 30 години.

Волшебната убавина привлече голем број туристи, посебно оние кои уживаат во вакви глетки и покрај студот. Многу подрачја од Корчарската околија, меѓу нив и Мала Преспа новогодишната ноќ ја минаа без електрична енергија, но полека состобата се нормализира.

Според албанската Електродистибуција во отстранувањето на дефектите кои без струја оставија и поголем дел од околијата Кукс, Елбасан и други делови, ангажирани биле три илјади вработени но поради лошите времески услови и непристапните терени тоа оди тешко. Неверемето има оштетено 60 електрични столбови и околу 240 километри далноводи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top