Лансирањето на „Виндоус 10“ значи и целосно нов интернет-прелистувач со кодно име „спартан“, кој со текот на времето би требало да го замени познатиот „интернет експлорер“.
„Спартан“ е можност за „Мајкрософт“ да го отстрани некогаш најдоминантниот прелистувач, чија популарност опаѓа од година во година, и кој го следи репутација на бавен, габаритен и неефикасен, пренесува zdnet.com.
ИЕ своевремено имаше 90 отсто од пазарниот удел благодарение на монополската позиција на „виндоус“, сепак пазарот му го презедоа конкурентите „гугл хром“ и „мозила фајрфокс“.
Како што наведува „зднет“, „спартан“ трена да наликува на конкуренцијата, да биде многу побрз, полесен и пофлексибилен во однос на постариот брат.
Заедно со „виндоус 10“ би требало да стигне и „спартан“ и „интернет експлорер 11“, но се шпекулира дека тоа можеби ќе биде последното издание на ИЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


