Принцот Ендру, војводата од Јорк и син на кралицата Елизабета Втора и принцот Филип, е обвинет дека имал присилувал малолетна девојка на сексуални односи.
Неименуваната девојка сведочела пред американскиот суд дека еден инвестициски банкар „ја позајмувал” на своите богати и моќни пријатели како сексуална робинка, и дека неколку пати во тоа својство била принудена има сексуални односи со британскиот принц Ендру, војводата од Јорк. Наводно, се се одвивало во периодот од 1999 до 2002 година.
Бакингемската палата издаде официјално соопштение во кое се наведува дека „секоја инсинуација за непримерен однос со малолетно лице е категорички неточна”, пренесува „Би-би-си“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.