Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива отежнато и во зимски услови, со остатоци од снег по коловозите. Поради ниските температури на повисоките места можна е појава на голомразица.
Забрани за сообраќај на тешки товарни возила има на патните правци Маврово – Дебар и Дебар-Струга.
На патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража укината е забраната за тешки товарни возила.
На патниот правец Охрид-Ресен преку планинскиот премин Буково укината е забраната за тешки товарни возила, но задолжителна е употреба на зимска опрема.
На патниот правец Охрид-Кичево преку планинскиот премин Пресека е укината забраната за сообраќај на автобуси. Исто така укината е и забраната за тешки товарни возила, но задожителна е употреба на зимска опрема.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.