| четврток, 6 декември 2018 |

Ранети двајца полицајци во Вирџинија, запреле возило натоварено со безживотни тела

Двајца полицајци се ранети при отворена престрелка која избила откако се обиделе да запрат две возила од кои едното било украдено и во кое подоцна биле пронајдени две безживотни тела.

Полициската патрола имала намера да изврши контрола врз товарно возило и еден камион на автопатот кој минува во близина на градот Левисбург во западна Вирџинија но откако камионот застанал возачот почнал да пука врз полициските службеници и успеал да им нанесе прострелни рани на двајцата. Еден од нив успеал да возврати на огнот и го ранил возачот.

Полицијата соопштила дека возачот на товарното возило избегал, но подоцна сам им се предал на полициските служби.

Возачот на камионот, исто така, се дал во бегство но подоцна бил уапсен.

За време на претресот, полицијата под душекот на креветот во камионот пронашла две безживотни тела. Се испоставило дека возачот во четвртокот во раните утрински часови киднапирал еден брачен пар и го зел нивното товарно возило.

Се уште не е јасно дали брачниот пар е убиен за време на киднапирањето или подоцна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top