| четврток, 6 декември 2018 |

Најгласните без научни трудови со импакт-фактор, списокот се проширува

studenti

Дека на професорите им пречат реформите во образованите поради рушење на нивниот комодитет, покажува списокот на професори со нула објавени трудови со импакт-фактор. Тие протестираат со студентите, наводно како поддршка на ставот да не се воведува државен испит, но очигледно позадината е сосема друго – тие реагираат за нарушувањето на нивниот комодитет и обврската да објавуваат трудови, но не онакви како во Врање, Лесковац и Битола, туку во меѓународни реномирани списанија. Евиденцијата за објавени трудови со импакт фактор објавени на „Web of science“ покажува дека без објавен труд е поранешниот професор на ФОН, член на „Солидарност“ кој е редовен на протестите на опозицијата и дежурен експерт за прашања кои ги засега опозицијата, Здравко Савевски. НА списокот е и доктор Тодор Ношпал, како и  професорот од Институтот за безбедност, одбрана и мир, Сергеј Цветковски.

Претходно беше посочено дека со нула објавени научни трудови се и професорите Ана Павловска-Данева, Љубомир Фрчкоски, Борче Давитковски, Годран Калајџиев. Деканот на Економскиот факултет, Љубомир Дракулевски, има нула објавени трудови, колку што има и професорот на истиот факултет Бобек Шуклрв. Без објавени трудови се и професорите Ристо Малчевски, Мирјана Најчевска и Љубомир Цуцуловски. Професорите и асистентите што се членови на СДСМ се со нула објавени трудови. На овој список се Петар Атанасов, Каролина Ростева Астеруд, Ванчо Узунов, Рената Дескоска, Радмила Шекеринска.

Импакт- факторот е меѓународно признаен степен на влијание на професорот научник, во однос на неговите објавени научни трудови во мегународно признаени списанија и колку неговиот труд е практикуван и цитиран во научните кругови, влеа страв кај дел од македонската универзитетска професорска фела бидејќи катастрофално ниските импакт поени на нашите универзитети ја разоткриваат неработата и личниот комодитет на одделни професори. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top