Севернокорејското министерство за одбрана денеска потврди дека е поништено примирјето со Јужна Кореја што беше потпишано на крајот на Корејската војна во 1953 година. Оваа одлука беше најавувана со денови, а следуваше по објавувањето на новите санкции на ОН.
Додека меѓународната заедница стравува од можна војна, експертите смируваат дека сепак, потегот на Пјонгјанг нема да донесе сериозни последици.
– Иако Пјонгјанг има право да смета дека моментално е во воена состојба и има право да поведе воени акции, се сомневам дека тоа ќе се случи. Повлекувањето од мировниот договор би можел да ги засили тензиите на Корејскиот полуостров, но сметам дека Северна Кореја овде игра само уште една политичка игра која има за цел да го натера Вашингтон да започне дијалог со Пјонгјанг, вели руски аналитичар за Воис оф Раша.
Според рускиот медиум, севернокорејската војска го подигнала нивото на борбена готовност на досега невидено ниво. Дневно изведувала по 700 летови на борбени авиони и хеликоптери, што е шесткратно повеќе од досега најголемиот број летови регистрирани во 2012 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако незнаете каде да одите на одмор, еве предлог: Вака изгледа летување во Северна Кореја!
-
Средбата на првите дами на Северна и Јужна Кореја ја засени онаа на Меланија и Брижит
-
Ким Јонг Ун: Американската територија е во опсегот на нашето нуклеарно вооружување, а копчето за негово активирање е секогаш на мојата маса
-
Северна Кореја се подготвува да лансира разузнавачки сателит