Кафуле во трговскиот центар „Бисер“ во скопската општина Аеродром рано утринава изгоре во пожар. Причинета е материјална штета, но нема повредени.
Командирот на Противпожарната бригада Благоја Менковски изјави дека во 3 часот и 25 минути е пријавен пожарот по што е интервенирано со 15 пожарникари и седум пожарникарски возила.
– Пожарот е локализиран и не е дозволено негово проширување на околните објекти, истакна Менковски.
Во пожарот е зафатена површина од околу 200 метри квадратни. Причините дополнително ќе се утврдуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.