| четврток, 6 декември 2018 |

Најсрамниот настан што ја обележи 2014 година – Бламажата на Водици

Vodici(2014)05 (Custom)

2014 го­ди­на ќе ја спо­ме­ну­ва­ме по не­ве­ро­јат­ни­от вер­ски праз­ник Во­ди­ци. Не де­ка има­ло не­ко­ја го­ди­на без смеш­ни мо­мен­ти за овој праз­ник, не­кои ду­ри и тра­ги­ко­мич­ни. Но, ми­на­та­та го­ди­на не зна­ев­ме да­ли да се сме­е­ме или да пла­че­ме. Во Скоп­је вер­ни­ци­те се сте­паа за на­гра­ди­те. Све­ште­ни­те ли­ца мо­леа: „из­ле­зе­те од во­да­та или не­ма да го фр­ли­ме кр­стот“. При­ја­ве­ни­те ско­ка­чи пред­вре­ме вле­гоа во во­ди­те на Вар­дар, до­де­ка г.г. Сте­фан сѐуште ја ка­жу­ва­ше мо­ли­тва­та, ско­ка­чи­те поч­наа да се пр­ска­ат со во­да, да кре­ва­ат вре­ва. Тој за мо­мент пре­ки­на со бо­гос­луж­ба­та, че­кај­ќи да се сти­ши вре­ва­та.По­тоа по­ба­ра од вер­ни­ци­те да из­ле­зат од во­да­та над­вор. Тие на­пра­ви­ја са­мо еден че­кор на­зад, што ги на­лу­ти све­ште­ни­те ли­ца.

-Од след­на­та го­ди­на по­да­ро­ци­те ќе би­дат све­де­ни на ми­ни­мум. Ќе се да­ва са­мо ико­на и,се­ка­ко, кр­стот што ќе го фа­тинај­среќ­ни­от– од­лу­чи цр­ква­та. Па та­ка, те­ле­ви­зо­рот, фри­жи­де­рот и шпо­ре­тот се ми­на­то. Да ви­ди­ме го­ди­на­ва кол­ку вер­ни­ци ќе се ре­шат да скок­нат – или по­точ­но да ви­ди­ме кој ско­ка за на­гра­ди, кој за­ра­ди вер­ба.

Ќе го па­ме­ти­ме и по­пот од Ав­стра­ли­ја. Вер­ни­ци­те ско­каа по по­пот на­ме­сто по кр­стот. Ма­ке­дон­ска­та за­ед­ни­ца во Перт, Ав­стра­ли­ја ќе рас­ка­жу­ва за фр­ла­ње­то на кр­стот во ре­ка­та Свон по по­вод пра­вос­лав­ни­от праз­ник Бо­го­јав­ле­ние. На це­ре­мо­ни­ја­та беа све­до­ци 300 вер­ни­ци, а за мал­ку ќе оста­неа без по­пот Ва­ско Ка­ран­фи­лов­ски, кој во еден мо­мент за­гу­бил рам­но­те­жа од нев­ни­ма­ние и пад­нал од ча­ме­цот во ре­ка­та. Па, 40. вер­ни­ци на­ме­сто да ско­ка­ат по кр­стот, го спа­су­ваа по­пот. За сре­ќа, по­пот бе­ше из­ва­ден жив и здрав од спа­су­ва­чи­те.

– Сѐ бе­ше пре­крас­но. Единс­тве­но ми бе­ше не­вкус­но и не­о­бич­но што по­пот чи­но­на­чалс­тву­ва­ше на лош анг­ли­ски ја­зик пред ма­ке­дон­ски вер­ни­ци баш во ус­ло­ви ко­га го бра­ни­ме ма­ке­дон­ски­от ја­зик. Па, сѐ изра­ду­вав ко­га пад­на од ча­ме­цот во во­да­та. На­ме­сто по кр­стот, лу­ѓе­то на­ва­ли­ја по по­пот за да не се уда­ви. Це­ла­та си­ту­а­ци­ја бе­ше тра­ги­ко­мич­на – из­ја­ви то­гаш поп-пе­ја­чот од Ма­ке­до­ни­ја, Јо­ван Рад­њан­ски.

Мно­гу ав­стра­ли­ски и стран­ски ту­ри­сти па­ѓа­ње­то во во­да на по­пот го про­тол­ку­ва­ле ка­ко дел од ри­ту­а­лот.Не­ве­шти­от по­тег на по­пот од Ав­стра­ли­ја сла­тко ги нас­меа си­те.

По­пот се оби­де да се из­ва­ди. Не се иска­пел тој, са­де но­зе­те ги на­мо­крил. Са­ка­ле да го пре­не­сат по­пот на ра­це до коп­но, да не одел со ча­мец, ама ете пла­нот не одел ка­ко што тре­ба, па по­пот си ги брц­нал но­зе­те во во­да… На­вод­но,ко­га бил фр­лен кр­стот во ре­ка­та Сван, ме­сто со ча­мец да оди до при­ста­ни­ште­то, по­пот имал по­ну­да од Дим­че Кр­ле­ски да му по­мог­не да го пре­фр­ли два­е­се­ти­наме­три до коп­но­то, но тоа не би­ло из­ве­де­но ка­ко што би­ло за­мис­ле­но и во еден мо­мент све­ште­ни­кот си ги на­мо­крил но­зе­те во ре­ка­та Сван.

Зна­е­те ка­ко оди онаа на­род­на­та при­каз­на ко­га по­пот е во не­вол­ја – дај по­пе ра­ка… е не, ту­ку на по­пе ра­ка… И та­ка, на по­пе ра­це… мно­гу ба­би­ци ки­ла­во де­те, мно­гу ра­це, мо­кар поп…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top