„Со маки сум се родила,
со жалости јас ќе си умрам.
Маките да ми ги напишете
озгора на гробот мој“
Стихови што сите ги знаеме, глас што сите го препознаваме, име што на сите ни значи. Вања Лазарова – личноста што покажа дека знаеме да бидеме сплотени кога се работи за националните вредности, за македонската гордост. Немаше човек што лесно ја прифати информацијата дека доајенот на македонската народна музика, од чиј убав гласминуваат морници по телото, живее со минимална пензија во старски дом. Да ѝ се даде државна пензија на Вања Лазарова – едногласни беа Македонците…
Приказната почна откако новинар на ТВ „24 Вести“ случајно ја затече познатата пејачка додека правеле приказна за Домот за стари лица. Пејачката е презадоволна од условите каде што живее и од персоналот. Не е лошо,тивко и мирно да заврши меѓу други стари лица, далеку од лудилото и динамиката на секојдневието. Но, жално е едно такво име да заврши со ниска пензија, без заслуги, какви што имаат други изведувачи и уметници во Македонија.
По веста дека Лазарова живее од наследената пензија од сопругот, јавноста се мобилизираше, главно на „Фејсбук“, но и вонсоцијалните мрежи. Се пишуваа писма за поддршка, се повикуваше на акција. Не требаше да помине многу време за Министерството за култура да ја увиде грешката и да ја прифати граѓанската иницијатива. Легендата на македонската музика Вања Лазарова доби национална пензија.
Тие објаснија дека барањето на Лазарова ѝ било одбиено поради тоа што таа досега немала добиено државна награда и не ѝ бил доделен статус на национален уметник. Во согласност созаконот, уметникот мора да има добиено државна награда. Поради тоа, се поднесе иницијатива да ја добие наградата „11 Октомври“ со што ѝ следуваше пензија.
Епскиот и исконски трогателен глас нè обедини сите. Песната нè зближува, традицијата се почитува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



