Рускиот нафтен гигант „Газпром“ презема целосна контрола врз компанијата на напуштениот проект „Јужен тек“, купувајќи ги акциите кои им припаѓаат на францускиот EDF, италијанскиот Eni и германскиот Wintershall, пренесува SEEbiz.
-Газпром склучи договор со Eni, Wintershall и EDF, кој вклучува стекнување на нивните 50 проценти од акциите во фирмата South Stream Transport“, се наведува во соопштението од Газпром, кој веќе ги поседува останатите 50 проценти од акциите на компанијата.
EDF и Wintershall потврдиле дека му ги продале на Газпром своите акции, односно по 15 проценти поединечно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.