| четврток, 6 декември 2018 |

Кичевци се дават во снег, Дехари уво не го боли

dehariВисока снежна покривка на улиците, натрупан снег на тротоарите, кои се целосно неупотребливи – тоа е сликата за Кичево. Граѓаните се разочарани од односот на градоначалникот Фатмир Дехари, кој дозволи градот да биде парализиран.

-Во неделата вечер сакав со автобус да отпатувам во Скопје, каде што и работам. Но автобуси немаше. Иако имаше информација дека патот до Скопје е прооден, автобуите не можеа да излезат од гаража, поради натрупаниот снег. Тргнав дома со автомобил, кој заглави во снег. Па чекав да дојде пријател со автомобил да ни помогне, да не извлече – вели разочарана кичевка.

Според неа, градоначалникот воопшто не презема ништо. Улиците се неисчистени, снегот на тротоарите стои, никој не реагира, луѓето мака мачат да стигнат на работа и да ги вршат секојдневните обврски. Вакво нешто, додаваат тие, никогаш немало во Кичево. Како да не постојат општински институции.

10892021_10205704261510091_1033162051954452176_n

-Mеѓуградските автобуси не се поставени на пероните за поаѓање кон Скопје и кон Охрид. Разбирливо е да има прекини на патиштата, на планинските превои, но град да биде завеан, да не можат автомобили да се движат на улиците, на снежна покривка која не е со некоја огромна височина е навистина нејасно. Кој век сме? Денеска, кога има секаква механизација, да не може да се исчистат улиците низ градот?! Отежнато е и движењето на граѓаните бидејќи се движат по коловозот поради тоа што тротоарите не се исчистени. Автомобилите го нагмечија снегот, па полесно е движењето по улица отколку по тротоар, но тоа дополнително го отежнува сообраќајот – велат кичевци.

10402728_10205704255869950_1026771041061717815_n

Дехари никаде го нема. Удобна е татковската фотелја, а најудобна е веројатно кога за ништо нема да се грижиш. Луѓето се дават во снег, тој апсолутно ништо не презема. Недела падна снегот, што има во неработен ден тој да се замара со проблемите на градот. Тоа е ден за одмор.

Нема време за граѓаните, веројатно е презафатен со остварување на ветеното во неговата предизборна кампања. Колку за потсетување, како адут во битката за гласови тој ги изнесе и своите ставови и желби за Голема Албанија.

Тогаш тој пред албанската дијаспора во Чикаго, САД зборуваше за тоа како кога некој ќе тргне од Тирана, па преку Струга, Кичево, Тетово, Гостивар, скопски Чаир па се до Куманово ќе биде пречекан од градоначалник Албанец, а тоа, како што велеше Дехири бил сонот на секој Албанец, тоа е една Албанија. Тој е истиот оној градоначалник, што на својот фејсбук профил се „рекламираше“ во униформа на УЧК и оружје во рака.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top