Никој не може против природата. Иако секогаш се наоѓаат луѓе кои мислат дека можат против природата, резултатот од битката е јасен – пораз. Нема држава што успеала да ја победи природата. Македонија се бори против снегот, но одделени делови сепак останаа отсечени. Механизацијата и луѓето не можат да допрат секаде.
Постојано пристигнуваат вести за завеани места, блокади, страотни сообраќајки. Минатата недела кога Балканот беше зафатен од снежен бран, се случи голема несреќа на патиштата во Словенија. 46 автомобили, три камиони, едно комби и еден автобус се судрија, едно лице загина,седум лица беа повредени. Причина обилниот снег.
И Америка се соочи со истиот проблем. Американските сојузни држави Алабама, Мисисипи, Лујзијана, Џорџија, Северна и Јужна Каролина прогласија вонредна состојба поради силните снежни врнежи, ледени врнежи и густата магла.
Главниот град на Џорџија, Атланта беше целосно парализиран. Патиштата во оваа сојузна држава, беа блокирани од возила. Властите ги предупредија жителите да не ги напуштаат своите домови и ги затворија патиштата за камиони.
Снежното невреме Херкулес во САД предизвика 11 смртни случаи.
Во Бафало, Њујорк, во ноември месец годинава наврнаа 1,6 метри снег, а само еден ден подоцна уште 1 метар снег ја покри областа.
Најмалку 13 жртви однесе невремето со себе, во првите 48 часа.
Локалните власти безуспешно се обидуваа да стават ред во хаотичното невреме, додека стотици илјади луѓе беа заробени во своите домови, потрупани со снег и без начин да излезат надвор.
Илјадници и илјадници луѓе останаа заробени во своите автомобили на автопатиштата.
На почетокот од октомври месец годинава, 39 луѓе загинаа додека се искачуваа на Анапурна, откако неочекувана и ужасна бура го зафати регионот.
Најмалку 17 туристи починаа поради студ и потрупување со снег, последица на ладното време, екстремно обилните врнежи од снег и исклучително малата видливост.
На островот Санта Каталина во Калифорнија загинаа две лица откако неверојатно силните ветришта предизвикаа излевање на водата околу пристаништето Авалон.
Ветриштата се повеќе се засилуваа, а исто и висината на брановите, а локалните власти очајно се обидуваа да се справат со последиците.
И Македонија се соочува со истиот проблем. До негде вина имаат и луѓето. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, го искажа своето незадоволство од работата на „Македонија пат“. Сепак, реално, против природата никој не може. Но тоа не значи дека луѓето не треба да бидат активни и вклучени во обидот да се создадат што подобри услови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст