| четврток, 6 декември 2018 |

Доставена помош до отсечените села во општина Дебарца

Тим од Единицата за спасување на планина и непристапни терени од Охридскиот Црвен крст заедно со претставници на Центарот за управување со кризи-регионална канцеларија Охрид, денес од раните утрински часови дистрибуираа прехрамбени производи, средства за хигиена, ќебиња и лекови до 6 семејства во отсечените села во општина Дебарца, објави порталот „Охрид њуз“. Помошта била доставена до селата Црвена вода, Издеглавје, Слатино и Годивје, а поради високиот снег за транспорт на помошта беа користени и коњи од месното население.

image-e94775b132e447e88cf2505c45d0cf7dffb2fca5662dc92f35669a13623937eb-V

Волонтерите на Црвен крст во текот на изминативе денови биле активни и во градската средина, особено во стариот дел на Охрид, каде доставувале помош во храна и лекови за старите лица кои живеат сами и поради својата здравствена состојба и временските неприлики не можат да излезат од своите домови.

image-ed9e34c04eaf497b97af7a594ce8a23c34ccc0d9a9f3937470c7607d15943028-V

И во наредниот период, додека траат ниските температури и проблемите предизвикани од снегот, екипите на охридскиот Цревен крст ќе бидат во постојана координација со ЦУК-Регионална канцеларија Охрид и ќе бидат подготвени и мобилни да одговорат на предизвиците.

фото: Охрид њуз

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top