| четврток, 6 декември 2018 |

Сиријците бегалци не знаат за Нова година, тие имаат други маки

begalci2

Дел од сиријските бегалци кои поради војната во татковината мораа да ја напуштат земјата, се сместени во близина на соседна Турција, во кампови. Новата, 2015 година ја дочекаа во многу тешки и нехумани услови.

Сиријците кои се во кампот Есаламе, во местото Азез, Новата година ја дочекаа во страв дали утре ќе имаат доволно храна и вода за семејството. Многу од нив не се ни свесни дека е први јануари, 2015 година, ниту пак тоа нешто им значи.

begalci3

Поради ниските температури и големата колична дожд кој паѓа, кампот се претворил во езеро со кал.

begalci1

Најтешко им е на децата, кои секој ден мора да носат вода за пиење. За нив нема детство и безгрижна игра.

begalci

Војната во Сирија е од март 2011 годна, а досега загинаа над 200 илјади лица. Повеќе милиони Сиријци се водат за исчезнати.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top