Сообраќајот на сите патишта во Македонија се одвива отежнато и во зимски услови, со остатоци од снег по коловозите.
Забрани за сообраќај на тешки товарни возила има на патните правци Гостивар – крак Маврово-Дебар, Дебар – Струга, Струга – граничен премин Ќафасан, но на овој патен правец важи забраната и за автобуси, како и на планинските премини Стража, Буково. Додека на Пресека забраната покрај товарни возила важи и за автобуси.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење на отежнатите услови за сообраќај и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.