| четврток, 6 декември 2018 |

Итна побарале 137 лица, 10-годишно дете повредено од петарда

Во службата за итна помош за новогодишната ноќ помош побарале 137 лица.

Пет од нив биле во алкохолизирана состојба и биле префрлени на токсикологија, од кои 4 лица биле малолетни.

Пет лица настрадале во сообраќајна незгода, 6 лица се јавиле за тепачки на јавни места, од кои две биле малолетни.

Пет лица паднале и се здобиле со скршеници.

Во ноќните пунктови на итната помош биле извршени вкупно 172 прегледи.

Во пунктот за итна помош во Ѓорче Петров било повредено 10-годишно детенце од петарда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top