| четврток, 6 декември 2018 |

Над половина од светската популација очекува 2015 година да биде подобра од претходната

optimizamСекој втор жител во светот, дури 53 отсто, очекува дека 2015 година ќе биде подобра од претходната кога станува збор за економските очекувања, покажуваат резултатите од истражувањето на ВИН-Галуп Интернешнал.

Студијата, која е спроведена во 65 земји од светот, покажала и дека мнозинството (70 отсто) граѓани во светот го сметаат крајот на 2014 година за среќен.

Најсреќни се жителите на Фиџи (93 проценти), а најмалку среќни се Грците (25 отсто).

Меѓу најголемите песимисти во економските очекувања се Малезија (61 отсто) и Франција (57 проценти), додека најголеми економски оптимисти се жителите на Нигерија (80 отсто), на Мароко (70 проценти) и на Фиџи (68 отсто).

Светските очекувања од 2015-та се истражени во рамки на меѓународната студија „Крај на годината“, која оваа организација ја спроведува кон крајот на секоја година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top