Опозицијата, која во 2014 година доживеа еден од најтешките порази во нивната историја, се надевам дека во 2015-та ќе извлече поука од сопствените грешки и ќе ја разбере пораката на народот. Од нас ќе има подадена рака за соработка секогаш, затоа што тоа е од интерес за нашата држава и за нашиот народ, за демократијата и за иднината. Со гнев, со злоба, без идеи и проекти, со неумесни условувања, со манипулации и интриги не се освојува поддршката на граѓаните. Напротив, со многу труд, работа, посветеност, искреност и креирање добро обмислени и пресметани идеи корисни за сите граѓани – посочи премиееот Никола Геруевски во своето предновогодишно обраќање.
Тој нагласи дека Владата и владејачката партија ќе остане фокусирани на препознавањето на сопствените грешки, на сопствените слабости и пропусти.
-Само така можеме да останеме конкурентни на политичката сцена и да ја освојуваме довербата на мнозинството граѓани. Во 2015 следуваат и измени и дополнувања на Уставот, и стапување на сила на комплетно нова законска регулатива во делот на државната и јавната администрација, со што од корен ќе се променат некои состојби и проблеми во тој дел, а ќе дадат нов елан и нови можности на вработените во администрацијата. Следува и пакет на крупни измени во законите во судството кои треба да креираат уште поефикасно и поправично судство. Продолжува и силната борба против криминалот и корупцијата. Во 2014 Македонија се искачи за три скалила на листата на Транспаренси интернешнал, а со посветеност на ова поле, без селективност во мерките, цврсто верувам резултатите ќе продолжат да доаѓаат – вели Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



