Посебно сме и ќе останеме посветени на образованието и иновациите за кои ќе следат и првите грантови и поддршки во 2015 одкако во 2014 се оформи фондот за иновации. Во 2015 влегуваме со започната процедура за две крупни реформи во образованието. Едната со која се регулира дејноста наставник, се формира академија за наставници, и се даваат стимулативни мерки за секој еден кој ќе се запише на педагошки факултет, со цел таму да се привлечат најдобрите студенти. Со оваа реформа, секој кој ќе студира педагошки факултет ќе добива месечно по 10.500 денари за време на студирањето, секој месец. Бројот на упишани ќе биде ограничен и строго селектиран исклучиво според квалитетот. Се воведува плус една година академија за време на чие студирање секој месец студентите ќе примаат по 21 илјада денари помош од државата, и конечно оние кои под овие услови во иднина ќе завршат ќе имаат загарантирано вработување. Има новини и за постојните наставници, имено, секој од актуелните наставници кој ќе заврши едногодишна академија, ќе има за 3 илјади денари повисока месечна плата. Целта е во иднина, новите генерации да ги учат и оформуваат најдобрите и најквалитетните, добро обучени учители, наставници и професори во основните и средните училишта – посочи премиерот Никола Груевски во своето новогодишно обраќање пред граѓаните.
Тој нагласи дека втората крупна реформа е поврзана со високото образование, нешто што деновиве е многу актуелно.
-Со неа се предвидува, дека почнувајки од 2018, секој професор ќе треба да издава најмалку два труда во пет години во реномирани меѓународни списанија со фактор на влијание, објавени на листата на Томсон Ројтерс – веб оф саианс. Ова предизвика вознемиреност кај ДЕЛ од македонските професори, која резултираше и со протести, но на Македонија и се потребни квалитетни професори и напредни научници, кои својот квалитет нема да го мерат само локално меѓу себе преку колумни низ дневните весници и бистрење политика, туку меѓународно со своите колеги од сите напредни држави. Ова на краток период ќе го наруши нивниот комодитет, но долгорочно сите добиваме. И со оваа мерка, доколку целосно се спроведе, Македонија повторно ќе остане меѓу последните во Европа според бројот на меѓународно признати трудови на македонските научни работници и професори, но од некаде мора да се почне. Да не бидам погрешно разбран, факт е дека ние во моментов имаме меѓународно конкурентни професори, но нивниот број не е голем, и тоа е предизвикот пред нас. Споредбите со Словенија и другите земји во регионот, каде имаат по 10 пати повеќе научни трудови, говорат се. Не сакам ни да помислам во овој момент да правиме споредба со земјите надвор од регионот како Германија, Франција или Америка.
Другата значајна реформа е државниот испит, кој треба да стави крај на купувањето дипломи без знаење, на корупцијата на факултетите, на добивањето оценки без знаење што е на штета на самите студенти, но и на целото општество. Македонија нема избор, освен својата иднина да ја позиционира и базира на знаење и креативност. Не можеме иднината да ја базираме на некои огромни резерви на нафта или на природен гас или други рудни богаства, ниту пак на илјадници километри морски плажи, ниту пак на било што друго што го немаме. Ги имаме нашите умови и само со реално и меѓународно конкуретно знаење, интерактивна настава базирана на развој на креативноста и претриемничкиот и иноваторски дух можеме да очекуваме поголеми успеси и поголема среќа, како индивидуално, така и колективно како држава – вели Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



