| четврток, 6 декември 2018 |

Силен инвестициски бран во здравството во 2015 година

8-mi Septemvri Gradska bolnica Urgenten centar 09 (Custom)

Во 2015, како и во 2014 ќе продолжи силниот инвестициски бран во здравството, но и понатамошни системски мерки за подобрување на организацијата на здравството, условите за пациентите, условите за лекарите и медиционскиот персонал, обуките во најнапредни и најреномирани болници и клиники во Европа и во Америка на нашите лекари и медицински сестри кои наместо по 500 годишно како досега, ќе бидат по 1000 обуки годишно од 2015-та, што силно ќе го зголеми знаењето и искуството и ќе овозможи подобра здравствена услуга за сите во Македонија – најави премиерот Никола Груевски во своето новогодишно обраќање.

Тој нагласи дека во 2014 стартуваше државната кардиохирургија за која се говореше 20-30 години, но и неонаталната кардиохирургија, под раководство на најдобрите лекари од Америка во оваа област. Заради процедурите на банката за развој при Советот на Европа задоцни градбата на новиот објект на комплексот клиники Мајка Тереза во Скопје, како и на Штипската клиничка болница, и нивнта градба ќе започне во првите 4 месеци од 2015 година.

-Во 2014 во комплексот клиники Мајка Тереза се заврши гасификацијата, а почна процедурата за изградба на гасна топлана за произвоство на електрична и топлинска енергија за потребите на овој комплекс кој ќе донесе многу заштеди. Се гасифицираше и Градската болница „8ми септември“. А, кога сме кај заштедите, во 2014 се остварија крупни заштеди со воведувањето на т.н.паралелен увоз на лекови и разбивањето на монополите во фармацевскиот бизнис, кои ќе се одразат и во 2015-та со вкупна заштеда од околу 14 милиони евра, пари со кои следната година ќе се реновира прилепската и битолската болница, кумановската ќе добие ургентен центар, а Клиниката Св.Наум Охридски во Скопје, како и некои други болници и клиники ќе добијат дополнителна опрема – посочи Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top