И следната година, како и годинава, посочи премиерот Никола Груевски во новогодишното обраќање, ќе продолжи ветеното зголемување на пензиите, социјалната помош и платите во јавниот сектор, но и политиката за поддршка на земјоделството и македонското село со нови 150 милиони евра за субвенции и рурален развој.
Ќе продолжи, најавува, и проектот „Купи куќа купи стан“, со кој досега над 430 семејства го решиле станбениот проблем, и останатите проекти кои даваат добар резултат или наоѓаат одличен одѕив кај народот, бесплатниот железнички превоз и бесплатниот влез во културните установи во одредени денови за младите и пензионерите, бесплатниот викенд за пензионерите, мерката за субвенционирање на придонесите на секој кој ќе вработи млади луѓе до 29 години, со која 5.700 лица се вработија, како и можностите за ултра поволни кредити за младите луѓе кои сакаат да започнат бизнис.
– Преку другите активни мерки за вработување обезбедивме уште над 5.000 работни места во 2014., а најмалку толку ќе има и во 2015. Не беа и нема да бидат заборавени лица со хендикеп, на кои континуирано им се помага со постојните и нови мерки. Ветениот отпис на долгови, под одредени услови, е во длабока фаза и тој ќе заврши. Досега над 2.000 ранливи категории лица, добија решенија за отпис на различни долгови во износ од над 2 и пол милиони евра, потенцира премиерот Никола Груевски во новогодишното обраќање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии


