Не е случајно што невработеноста во 2014 година континуирано се намалуваше и достигна 27,9, што, потенцира премиерот Никола Груевски во новогодишното обраќање, се уште е високо, но многу пониско од 38-те отсто кои ги наследивме, и не е случајно што индустриското производство расте 15 месеци по ред и со раст од 5,2 има петти највисок раст во Европа, а државниот долг остана низок до умерен со околу 39 отсто.
– Покрај новите компании, растот на извозот, и градежништвото имаше и ќе има многу работа и во 2015-та. Во полн ек се градбите на трите автопати и железницата кон Бугарија, но следната година некаде летото ќе почне и градбата на експресниот пат со четири ленти од Штип кон Кочани, и од Градско кон Прилеп, а кон крајот на 2015 и експресните патишта со четири ленти од Охрид до Пештани и автопатот од Требениште до Струга. Ќе се заврши и експресниот пат Велес – Штип до Кадрифаково, а очекуваме да најдеме концесионер и за автопатската делница Кичево-Гостивар, каде ако се биде во ред градбата би почнала во 2016. Ќе продолжат и градбите и реконструкции на други патни правци меѓу кои и Миладиновци Куманово, Неготино-Демир Капија, Велес-Катланово и повеќе други, најавува премиерот.
Во 2015-та, додава Груевски, очекуваме да почне градбата и на гасоводната мрежа од Куманово до Штип, а да се обезбедат услови и за останататиот примарен гасовод низ Македонија. Секундарната гасификација во Скопје и скопско со инвестиција од 100 милиони евра, како и секундарната гасификација во источна и западна Македонија е исто така дел од плановите за 2015-та. Фокусот ќе остане и на изнаоѓање алтернативни извори за донесување поголеми количини гас за Македонија, вели премиерот Никола Груевски во новогодишното обраќање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии