| четврток, 6 декември 2018 |

Собранието во 2014 донело 345 закони

sobranie

Собранието на Република Македонија во 2014 година вкупно одржало 35 седници, а биле донесени 345 закони.

Најдолгата седница траеше 61 час и 30 мин, во девет продолженија, и тоа од минатиот собраниски состав. Најкратка е 13-та седница од новиот собраниски состав.

Во новиот осми мандат, кој започна на 10-ти мај до денеска, се одржани 29 седници. Вкупно се донесени 164 закони, од кои 95 по редовна постапка, 57 по скратена и 12 закони за ратификација на договори.

Најдолга била 12-та седница, која имала три продолженија и вкупно траела 21 час и 58 минути. Најкратко траела 13-та седница, вкупно 15 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top