| четврток, 6 декември 2018 |

Србија намири половина од долгот кон Русија

Србија уплати 100 милиони долари за Русија и така намири половина од долгот за гас, во согласност што го постигнаа премиерот Александар Вучиќ и претседателот на Русија, Владимир Путин, пишува „Вечерње новости“ повикувајќи се на информации од српската влада.

Вкупниот долг на Србија кон Русија изнесуваше 224 милиони долари и Русија бараше тој да биде целосно исплатен до март следната година. Вучиќ на крајот на октомври изјави дека Србија нема да може да ги исполни обврските до дадениот рок. Премиерот тогаш порача дека Србија ќе може да исплати 100 милиони долари до крајот на годината, но дека исплаќањето на целиот износ тешко би се одразило на јавниот долг и на фискалниот дефицит во 2015 година.

Во телефонски разговор на почетокот на ноември беше договорено Србија до крајот на годинава да исплати една рата, втората до крајот на 2015, а третата во текот на 2016 година

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top