| четврток, 6 декември 2018 |

Среќна Нова година!

Нека ви е Среќна Новата 2015 година. Влезете со позитивни мисли во годината што ни дојде. Да имаме само среќни лица. Ви посакуваме да бидете безгрижни, здрави, опкружени со љубов и убавини што ќе го топлат вашето срце. Многу забава, уживања, насмевки и успех.

Направете си ја годината незаборавна, исполнете некој од вашите соништа кои досега ви изгледале неостварливи. Заокружете многу датуми на календарот за кафе со пријателите, со луѓето кои ви значат, одбележете денови за шетање, денови во кои ќе избегате од секојдневните обврски од кои не можете ни да забележите дека животот одминува. Бидете среќни и направете ги среќни најблиските! Среќни празници!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top