| четврток, 6 декември 2018 |

Во експлозија во фабрика во Кина загинаа 17 лица

eksplozija

Седумнаесет лица загинаа, а 20 се повредени во експлозија на гас во фабрика за производство на автоделови во јужна Кина, соопштија кинеските власти.

Фабриката се наоѓа во градот Фошан, а локалните власти истакнаа дека спасувачка екипа пристигнала на местото на несреќата.

Локалните медиуми ги пренесуваат изјавите на сведоците, според кои одекнале три експлозии, а ѕидовите и таванот на фабриката се целосно уништени.

Од експлозијата е оштетена и околната фабрика за стакло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top