| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Андон Чибишев: Една чашка алкохол за среќна Нова година

Ма­ке­до­ни­ја има нај­у­ба­ви ви­на во све­тот и дру­ги же­сто­ки пи­ја­ла­ци што се кон­су­ми­ра­ат во одре­де­ни при­го­ди. Не­ко­гаш се кон­су­ми­ра­ат и во по­го­ле­ма ко­ли­чи­на. Тоа, обич­но, се слу­чу­ва за праз­ни­ци, а за Но­ва го­ди­на гра­ѓа­ни­те има­ат оби­чај да се от­пу­штат и да ис­пи­јат мал­ку по­ве­ќе ал­ко­хол. Ед­на ча­ша же­сток пи­ја­лак и ед­на ча­ша уба­во, ква­ли­тет­но ви­но е со­се­ма до­вол­но. Сѐ што е над таа ко­ли­чи­на на одре­де­ни гра­ѓа­ни мо­же да им пре­диз­ви­ка одре­де­ни пос­ле­ди­ци по­ра­ди кои нај­у­ба­ви­от ден во го­ди­на­та мо­же да го по­ми­нат во про­сто­ри­и­те на Кли­ни­ка­та за то­кси­ко­ло­ги­ја, ве­ли д-р Чи­би­шев

Dr Anton Cibisev 2 (Custom)

Ан­дон Чи­би­шев, кли­нич­ки­от то­кси­ко­лог, ги со­ве­ту­ва гра­ѓа­ни­те да не пре­те­ру­ва­ат ни­ту со ја­де­ње­то, ни­ту со пи­е­ње­то за вре­ме на но­во­го­диш­ни­те и на бо­жик­ни­те праз­ни­ци. Тој пре­по­ра­чу­ва уме­ре­но ја­де­ње, но и ед­на ча­шка ал­ко­хол за среќ­на Но­ва го­ди­на, за да не се по­ми­не ве­чер­та на Кли­ни­ка­та за то­кси­ко­ло­ги­ја. Во тек се и бо­жик­ни­те по­сти, па на тие што из­бег­ну­ва­ат мрс­на хра­на им со­ве­ту­ва по­сте­пе­но вне­су­ва­ње мас­но­тии од жи­во­тин­ско по­тек­ло ко­га ќе за­вр­шат по­сти­те.

 

Што не тре­ба да пра­ви­ме за но­во­го­диш­на­та ноќ за, ме­сто во до­бро друш­тво, да не ја по­ми­не­ме на Кли­ни­ка­та за то­кси­ко­ло­ги­ја?

ЧИБИШЕВ: Но­ва го­ди­на е ед­наш во го­ди­на­та и си­те ние че­ка­ме да дој­де вре­ме за прос­ла­ва. Тоа са­ка­ме да го на­пра­ви­ме во друш­тво на тие што ги са­ка­ме, тие што ни се дра­ги, со ко­го во те­кот на це­ла го­ди­на по­ми­ну­ва­ме и до­бри и ло­ши мо­мен­ти. По­стои не­ко­ја не­пи­ша­на тра­ди­ци­ја де­ка за Но­ва го­ди­на тре­ба мно­гу да се ја­де и да се пие. Се­га ќе збо­ру­вам за пи­е­ње­то. Ма­ке­до­ни­ја е под­неб­је ка­де што тра­ди­ци­о­нал­но се про­из­ве­ду­ва­ат ал­ко­хол­ни и без­ал­ко­хол­ни пи­ја­ла­ци. За ме­не Ма­ке­до­ни­ја има нај­у­ба­ви ви­на во све­тот и дру­ги же­сто­ки пи­ја­ла­ци, кои се кон­су­ми­ра­ат во одре­де­ни при­го­ди. Не­ко­гаш се кон­су­ми­ра­ат и во по­го­ле­ма ко­ли­чи­на. Тоа, обич­но, се слу­чу­ва за праз­ни­ци, а за Но­ва го­ди­на гра­ѓа­ни­те има­ат оби­чај да се от­пу­штат и да ис­пи­јат мал­ку по­ве­ќе ал­ко­хол. Ќе би­де не­се­ри­оз­но јас ка­ко кли­нич­ки то­кси­ко­лог да ка­жам де­ка за Но­ва го­ди­на сло­бод­но мо­же да се кон­су­ми­ра ал­ко­хол или, пак, ни­кој не смее ни­што да се на­пие. Им пре­по­ра­чу­вам на гра­ѓа­ни­те да ја­дат уме­ре­но за Но­ва го­ди­на. Ма­ке­дон­ска­та куј­на, по­себ­но во зи­ма со­др­жи по­ве­ќе мас­но­тии и за­тоа им пре­по­ра­чу­вам да вни­ма­ва­ат на мас­на­та хра­на. Се­то тоа мо­жат да го за­ле­ат со ми­ни­мал­на ко­ли­чи­на ал­ко­хол – ед­на ча­ша же­сток пи­ја­лок и ед­на ча­ша уба­во, ква­ли­тет­но ви­но. Сѐ што е над таа ко­ли­чи­на на одре­де­ни гра­ѓа­ни мо­же да им пре­диз­ви­ка одре­де­ни пос­ле­ди­ци по­ра­ди кои нај­у­ба­ви­от ден во го­ди­на­та мо­же да го по­ми­нат во про­сто­ри­и­те на Кли­ни­ка­та за то­кси­ко­ло­ги­ја.

Dr Anton Cibisev

Ко­ја ком­би­на­ци­ја е фа­тал­на за ор­га­низ­мот?

ЧИБИШЕВ: Сѐ е ин­ди­ви­ду­ал­но. По­сто­јат лу­ѓе што мо­жат да ис­пи­јат по­го­ле­ма ко­ли­чи­на  ал­ко­хол, при­тоа да би­дат ал­ко­хо­ли­зи­ра­ни, а да не­ма­ат здрав­стве­ни проб­ле­ми. По­сто­јат лу­ѓе, кои и по­крај тоа што вне­ле ми­ни­мал­на ко­ли­чи­на ал­ко­хол, не­ма да би­дат пи­ја­ни, но ќе чув­ству­ва­ат те­шки здрав­стве­ни проб­ле­ми. Има и та­кви што со ми­ни­мал­на ко­ли­чи­на ал­ко­хол мо­жат да си го до­ве­дат жи­во­тот во опас­ност. Сѐ што е над нор­мал­но­то и доз­во­ле­но­то, мо­же да би­де фа­тал­но. За ко­ли­чи­на­та ни­ко­гаш не мо­же да збо­ру­ва­ме де­цид­но, но мно­гу е важ­но да се наг­ла­сат опас­но­сти­те при пре­те­ру­ва­ње со ал­ко­хол. Пре­пи­ва­ње­то мо­же да до­ве­де до на­ру­шу­ва­ње на ра­бо­та­та на не­кол­ку ви­тал­ни ор­га­ни, пред сѐ тоа се од­не­су­ва на мо­зо­кот и на ср­це­то. При вне­су­ва­ње по­го­ле­ма ко­ли­чи­на ал­ко­хол мо­же да на­ста­нат фа­тал­ни, ма­лиг­ни на­ру­шу­ва­ња на ри­та­мот на ср­це­то, кои ги на­ре­ку­ва­ме арит­мии, кои мо­жат да до­ве­дат до пре­ста­ну­ва­ње на ра­бо­та на ср­це­то и до смрт. Вто­ра го­ле­ма опас­ност е бло­ки­ра­ње или де­пре­си­ја на цен­та­рот во цен­трал­ни­от нер­вен си­стем, кој го кон­тро­ли­ра ди­ше­ње­то. То­гаш, тој што кон­су­ми­рал по­го­ле­ма ко­ли­чи­на ал­ко­хол, мо­же во спи­е­ње или во свес­на со­стој­ба да пре­ста­не да ди­ше. Бу­квал­но, се за­бо­ра­ва да се ди­ше, би­деј­ќи мо­зо­кот, под дејс­тво на ал­ко­хол, не пра­ќа сиг­на­ли за да се од­ви­ва про­це­сот на ди­ше­ње. Тоа пре­ста­ну­ва и на­ста­ну­ва смрт. Опас­но е и ко­га се вне­су­ва по­ма­ла ко­ли­чи­на ал­ко­хол, ко­ја мо­же да пре­диз­ви­ка на­ру­шу­ва­ње на си­сте­мот за ва­ре­ње, ќе се ја­ват мач­ни­ни, па­ци­ен­тот ќе по­вра­ќа. Мо­же да лег­не, на грб, во хо­ри­зон­тал­на по­лож­ба, да спие, да по­вра­ти, це­ла­та со­др­жи да му се вра­ти во душ­ни­кот и да на­ста­не за­ду­шу­ва­ње. Тоа, исто та­ка, е мно­гу опас­на си­ту­а­ци­ја. Апе­ли­рам до си­те, ако не­кој во нив­на­та око­ли­на, од друш­тво­то, по­ка­жу­ва зна­ци на пи­јанс­тво, вед­наш да го до­не­сат на Кли­ни­ка­та за то­кси­ко­ло­ги­ја. На­ши­те еки­пи се ма­кси­мал­но обу­че­ни и тие ќе му ука­жат по­мош.

 

Кол­ку го­ди­ни ималнајм­ла­ди­от па­ци­ент што бил хос­пи­та­ли­зи­ран на кли­ни­ка­та за но­во­го­диш­ни­те праз­ни­ци?

ЧИБИШЕВ: Уни­вер­зи­тет­ска­та кли­ни­ка за то­кси­ко­ло­ги­ја е ре­ги­стри­ра­на да при­ма во­зрас­ни па­ци­ен­ти, од­нос­но по­во­зрас­ни од 14 го­ди­ни. Но, че­сто се слу­чу­ва да до­не­сат и пом­ла­ди па­ци­ен­ти со раз­ни па­то­ло­гии. Најм­ла­ди­от па­ци­ент што бил до­не­сен, и тоа ток­му за но­во­го­диш­на­та ноќ, има­ше 12 го­ди­ни. Де­те­то ис­пи­ло ми­ни­мал­на ко­ли­чи­на ал­ко­хол, тол­ку кол­ку што мо­же да под­не­се тој дет­ски ор­га­ни­зам. Му се сло­ши­ло, дру­га­ри­те се уп­ла­ши­ле, вик­на­ле Бр­за по­мош, тие го до­не­соа кај нас. Ние го пре­зе­дов­ме, го ре­а­ни­ми­рав­ме и се на­де­вам де­ка и ден де­нес е жи­во и здра­во. Но, та­кви­те си­ту­а­ции ние до­кто­ри­те нај­мал­ку ги по­са­ку­ва­ме, по­себ­но ко­га се ра­бо­ти за пом­ла­ди па­ци­ен­ти.

 

Што ве­ли ста­ти­сти­ка­та, да­ли бро­јот на па­ци­ен­ти се на­ма­лу­ва или се зго­ле­му­ва за но­во­го­диш­ни­те праз­ни­ци по апе­ли­те на до­кто­ри­те

ЧИБИШЕВ: Во пос­лед­ни­ве че­ти­ри го­ди­ни, еве ве­ќе пет­та го­ди­на по ред има­ме на­ма­лу­ва­ње на бро­јот на акут­ни тру­е­ња со ал­ко­хол. Ние ка­ко ин­сти­ту­ци­ја ги згри­жу­ва­ме са­мо акут­ни­те тру­е­ња со ал­ко­хол. Има­ме про­гра­ма и за хро­нич­ни­те па­ци­ен­ти, ме­ѓу­тоа на­ши па­ци­ен­ти се акут­ни­те тру­е­ња. На­ма­лу­ва­ње­то во пос­лед­ни­те че­ти­ри го­ди­ни е ме­ѓу 20 и 30 про­цен­ти, во за­вис­ност од го­ди­на­та, по­себ­но по пр­ва­та го­ди­на од во­ве­ду­ва­ње на за­ко­нот за вре­мен­ско огра­ни­чу­ва­ње на ку­пу­ва­ње­то ал­ко­хол. От­то­гаш, нај­од­го­вор­но твр­дам, ста­ти­стич­ки има­ме на­ма­лу­ва­ње на бро­јот на акутн­ти­те тру­е­ња. Ве­ро­јат­но, вли­ја­е­ле и дру­ги фа­кто­ри, на­ши­те по­сто­ја­ни апе­ли, раз­ни еду­ка­тив­ни еми­сии. Ние ка­ко кли­ни­ка во пос­лед­ни­те три-че­ти­ри го­ди­ни, во со­ра­бо­тка со Аген­ци­ја­та за мла­ди и за спорт, гра­дот Скоп­је, ло­кал­ни­те за­ед­ни­ци на це­ла те­ри­тор­и­ја, ор­га­ни­зи­рав­ме еду­ка­тив­ни пре­да­ва­ња за уче­ни­ци­те од пет­то до де­вет­то од­де­ле­ние, ка­ко и за сред­но­школ­ци­те ка­де што ука­жу­ва­ме на опас­но­сти­те од кон­су­ми­ра­ње ал­ко­хол и од зло­у­по­тре­ба на опој­ни дро­ги. Тоа да­де ре­зул­тат.

 

Во тек се и бо­жик­ни­тепо­сти. Што ќе им со­ве­ту­ва­те на тиегра­ѓа­ни што по­сте­ле 40 де­на? На што тре­ба најм­но­гу да вни­ма­ва­ат ко­га ќе се вра­тат на ста­ри­от на­чин на ис­хра­на?

Dr Anton Cibisev 3 (Custom)

ЧИБИШЕВ: На си­те што по­стат им по­са­ку­вам со лес­но да ги по­ми­нат по­сти­те и во мир да го до­че­ка­ат Бо­жик. Им пре­по­ра­чу­вам ко­га ќе поч­нат да се вра­ќа­ат на ста­ри­от на­чин на ис­хра­на, ко­га ќе поч­нат да упо­тре­бу­ва­ат жи­во­тин­ски мас­но­тии, да не пре­те­ру­ва­ат и да не поч­нат вед­наш со го­ле­ми ко­ли­чи­ни. Не­ка си да­дат нај­мал­ку пет до се­дум де­на и се­кој ден, по­сте­пе­но да во­ве­ду­ва­ат по не­кој од ар­тик­ли­те да ги кон­су­ми­ра­ат. Во по­сте­ње­то ор­га­низ­мот се на­вик­ну­ва на нов ре­жим на функ­ци­о­ни­ра­ње, се ме­ну­ва ме­та­бо­лиз­мот и ако вед­наш се вне­сат го­ле­ми ко­ли­чи­ни жи­во­тин­ски мас­но­тии ,тоа е ка­ко тем­пи­ра­на бом­ба, ко­ја мо­же одед­наш да оп­то­ва­ри одре­де­ни ор­га­ни во чо­веч­ки­от ор­га­ни­зам и да им соз­да­де не­по­треб­ни здрав­стве­ни те­шко­тии.

 

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top