| четврток, 6 декември 2018 |

Како да се остане лудо вљубен

Дали е возможно да се остане лудо вљубен и по пет, десет, дваесет години во врска? Едно неодамнешно невролошко истражување отрки кои регии на мозокот се „задолжени“ за интензивна романтична љубов.

Истражувачите споредиле снимки на мозокот на двојки кои долго време се во среќен брак со оние кои од неодамна се вљубени. Тие открија дека има слична мозочна активност во одредени регии на мозокот и кај едните и кај другите, што би можело да биде клуч на вечна вљубеност.

Истражувачите биле фокусирани на вентрално тегменално подрачје (ВТП) на мозокот. На испитаниците им прикажувале слики од нивните партнери, роднини и пријатели и секогаш ВТП покажувал посилни реакции на партнерот во кој личноста е вљубена.

Резултати од истражувањата откриле многу фасцинантни работи, а меѓу нив и неколку тајни за долготрајна љубов.

Чест секс
Не се мисли на десетпати на ден, но еднаш месечно не е опција ако сакате да останете вљубени во својот партнер. Страста и желбата опстојуваат подолго ако сексот е чест и по повеќе од една година врска.
Близина
Пуштете го парнерот да ви се доближи, немојте да се дистанцирате кога доаѓа до проблеми и немојте да се затвоате во себе по конфликтот.
Чувство на безбедност
Кога чувствувате дека вие и вашиот партнер правите посебен свет, кога тоа лице е некој кај кого бегате од проблемите на светот. Тогаш тоа е љубовта која може да трае.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top