| четврток, 6 декември 2018 |

Дуев: Некои портали упорно ме вадат од контекст

ratko

Продеканот на Филозофскиот факултет, доцeнт д-р Ратко Дуев реагира на одредени портали на СОРОС кои напишаа дека Дуев се откажува од својот потпис за спроведување на државниот испит.Тој на својот фејсбук профил посочи дека одредени портали упорно го вадат од контекст. Тој уште еднаш посочи дека останува на ставот за реформи.

Чудно на сите портали се извлекува од контекст само еден пост, а упорно се игнорира мојот натпис во Нова Македонија, веројатно никој и не сака да го чита, каде што зборував за потребите од реформи во високото образование. Се друго што се случува по разни портали го доживувам како неакадемско однесување и удар врз мојот интегритет. Не сакам да ме осудува никој што сум за реформи ниту осудувам некој што е против реформи. Мојот став е јасен… – напиша продеканот.

Над 200 професори од универзитетите од Македонија денеска го поддржаа предлогот за државен испит на факултетите, со граѓанска иницијатива која ја насловија „За поддршка на знаењето во високото образование“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top