Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнето поради остатоците од кашест снег. АМСМ предупредува дека на повисоките места е можна појава на голомразица и препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово Велес, Маврово Дебар Струга, Демир Капија Удово каде е можна почеста појава на одрони.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


