| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија има капацитет за фер и демократски избори

Иванов очекува дека изборниот натпревар ќе биде регуларен и конструктивен и ќе претставува борба на предлози и идеи, а не само борба за локална власт

Република Македонија има капацитет да спроведе фер и демократски избори, a македонските граѓани поседуваат голема политичка свест и зрелост да придонесат во реализација на такви избори, истакнал претседателот Ѓорге Иванов на денешната средба со шефот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДИХР, Герт Аренс.

Македонија тоа го докажа во изминатиот период и нема причина да не биде така и на овие локални избори, соопштија од кабинетот на претседателот. Иванов очекува дека изборниот натпревар ќе биде регуларен и конструктивен и ќе претставува борба на предлози и идеи, а не само борба за локална власт.

иванов

– Сакам да предупредам дека секој оној што нема да ги почитува воспоставените правила и законски норми за одржување на фер и демократски избори, ќе се соочи со најстрогиот можен институционален одговор –  потеницирал претседателот Иванов.

Двајцата соговорници се согласиле дека сите чинители во изборниот процес треба да се однесуваат одговорно и со безусловно почитување на законските прописи, како и во согласност со достигнатите демократски придобивки, водејќи сметка за државните и за интересите на граѓаните.

На средбата се разменети мислења и околу неодамнешните политички случувања, при што македонскиот претседател изразил задоволство од позитивниот однос на лидерите и на власта и на опозицијата што, конечно, овозможија европската агенда да се врати повторно на дневен ред во Република Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top