„ЕЛЕМ турс“ и скијачкиот центар „Попова Шапка“ објавија дека од утре (среда, 31 декември), почнува новата скијачка сезона на Попова Шапка со бесплатно скијање за сите посетители. Спроведени се сите технички подготовки и активности за непречен почеток и тек на претстојната скијачка сезона, а во текот на вчерашниот ден заврши уредувањето и обележување на постојните патеки.
Во ски-центарот е воспоставено комплетно улично осветлување, кое почнува од хотелот „Попова Шапка“ до жичницата Син Врв, потоа продолжува покрај ски-патот и ски-лифтот „Мал Јелак“ и завршува пред манастирот „Свети Наум Охридски“. За таа намена, се поставени осум нови столбови со што целосно е осветлен теренот за ноќно скијање. За утрешното отворање на сезоната во функција ќе бидат ски лифтовите Аеродром и Ге.
Од 1 јануари ќе важат вообичаените цени за ски-билети. Целодневниот ќе се продава по цена од 900 денари, полудневниот билет е 600 денари, а ноќното скијање ќе чини 500 денари. За младите скијачи до 12-годишна возраст билетите ќе чинат 400 денари, а цената на сезонскиот билет останува 10.000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


