| четврток, 6 декември 2018 |

Mајката на Тамара воодушевена од голите фотографии

Тамара Тодевска ја има целосната поддршка од најблиските за разголените фотографии во календарот за „Пелистерка”.

Според нејзината мајка Бранка, фотографиите се професионални и секси, но не и вулгарни.

– Ми се допаѓаат фотографиите бидејќи се професионално направени, провокативни се, но не се вулгарни. За тој календар секоја година се сликаат најубавите и најзгодни девојки кај нас, не може баш секој да добие таква понуда. Тамара имаше апсолутна поддршка од мене и од целото семејство. Ја поддржа и свршеникот. Точно е дека е многу ослабена, навистина се трудеше и постојано вежбаше и беше на диета – вели мајката на пејачката за „Вечер“.

Се претпоставува дека хонорарот што го добила Тамара за разголените фотографии изнесува 12 илјади евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top