| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична за двајца полицајци од Кратово

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.А.(49) и Г.А.(45), полициски службеници во ПС од ОН Кратово. Прворпијавениот ги злоупотребил службената положба и овластување и фалисификувал или уништувал деловни книги, додека второпријавениот се гони за несовесно работење во службата.

Првопријавениот, кој во периодот од 2010 до 2013 година бил командир на ПО за БПС Кратово, во книгите за заведување на работни часови, прекувремени, ноќни и празнични часови, внесувал невистинити податоци дека бил на работа подолго од работното време, при што неосновано му биле исплатени 58.818 денари, а МВР е оштетено за бруто од 89.222 денари. Исто така, во 2013 година го тужел МВР по основ на неисплатени работни часови и бонус плата при што му биле исплатени 190.374 денари, а го оштетил МВР за 279.596 денари.

Второпријавениот, кој бил помошник командир во ПС од ОН Кратово, не вршел надзор во поглед на изготвување на наредби за прекувремена работа и евиденција на работни часови со што му овозможил на првопријавениот да оствари 359 прекувремени работни часови иако законски дозволениот максимум бил 190 часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top