| четврток, 6 декември 2018 |

Акција во Тетовско – приведени повеќе девојки

Ноќва во периодотод  1 до 2.45 часот, при полициска контрола во угостителскиот објект „Ловец“ во тетовското село Жеровјане, сопственост на А.Ш.(42) од с. Мала Речица, биле затекнати како работат пет женски лица од кои три македонски и две албански државјанки.

Албанските државјанки се приведени во СВР Тетово за преземање натамошни мерки.

На 27 месецов, пак, полициски службеници од регионалниот центар за гранични работи Север постапувајќи по судска наредба од Основен суд Тетово, извршиле претрес во домот и другите помошни простории на лицето Ш.И. од тетовското село Желино и угостителскиот објект „Еrdi Bosi“.

При претресот биле затекнати  осум лица на возраст од 19 до 38 години кои нелегално работеле во угостителскиот објект.

Седум од пронајдените лица се државјани на Р. Македонија, освен 20-годишна девојка која е од  Дибар, Р. Албанија и истата го злоупотребила туристичкиот престој во државата.

Во просториите е пронајдена и 23-годишната И.К. од Куманово, која се барала за издржување затворска казна во времетраење од една година поради шверцување емигранти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top