| четврток, 6 декември 2018 |

Бензинските пумпи во Охрид остануваат без горива

Бензиските пумпи низ Охрид од вчеравечер почнаа со прекин на точење на горива бидејќи целите резерви ги потрошиле претходните денови, а нови количини горива не добиле, пренесува „Охрид1“.

Дистрибутерите на нафта и нафтени деривати не се во можност да достават горива до Охрид преку Кичево поради непроодноста на патот и забраната за движење на тешки моторни возила на преминот Пресека.

Утрово нормално работи бензиската „Моби петрол Окта” од каде информираа дека сè уште имале резерви на горива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top