| четврток, 6 декември 2018 |

Ветерот носи убаво време во Македонија

ladno 3 (Custom)

Силниот ветер што дува веќе два дена во Македонија донесе чист воздух. Скопските мерни станици регистрираа минимални вредности на ситните честички ПМ10, кои се движеа од 20 до 30 микрограми на кубен метар воздух. Според мерните станици само во Гази Баба имало умерено загадување со концентрации до 50 мцг/м3.

И во Тетово, градот кој е инаку вообичаен високо загаден, сега концентрациите на честичките ПМ10 се движат до 50 мцг/м3. Во Kичево имаше умерено аерозагадување, вредностите на честичките стасаа до 80 мцг/м3, а во Битола, Велес, Kочани и Kавадарци воздухот вчера беше чист.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top